Предавање во ОУ „Живко Чинго “- „Ризици од употреба на пиротехнички средства“

Денес, од страна на СВР Охрид пред учениците од шесто до девето одделение во ОУ „Живко Чинго“ – Велгошти беше одржано предавање на тема „Ризици од употреба на пиротехнички средства“.

Ова предавање беше организирано под мотото „Биди ѕвезда, не фрлај петарди“ и беше поткрепено со „Power point“ презентација, фотографии и многу корисни совети за опасностите од користење вакви средства.

Учениците се запознаа со видовите пиротехнички средства, нивниот состав, со законски регулативи кои го уредуваат делот на недозволено користење на пиротехнички средства, но најголем акцент се стави на ризиците и последиците од примена на вакви средства.

Учениците предавањето го следеа со големо внимание, а поставуваа и прашања на кои добиваа соодветни одговори. Преку корисни информации, поткрепени со вистински случки и фотографии, учениците од ОУ „Живко Чинго“ добија конкретни насоки како треба да се однесуваат во врска со оваа тема, посебно сега за новогодишните празници.

WebOhrid