Стартува времениот сообраќаен режим на забрана за движење на товарни моторни возила низ Скопје

Град Скопје, ги известува учесниците во сообраќајот, дека од вчера, 19-ти декември стартува времениот сообраќаен режим на забрана за движење на товарни моторни возила, чија најголема дозволена маса надминува 15 тони, на подрачјето на Град Скопје. Забраната е од времен карактер и ќе се спроведува од 19-ти декември до 31-ви март 2015 година, во текот на денот и тоа од 08 часот до 20 часот.

Времениот режим се воведува како мерка за справување со зголеменото загадувањето на воздухот на подрачјето на градот Скопје.

Од ова решение се иземаат возилата кои превезуваат добиток, лесно расиплива стока, хуманитарна помош, медицински препарати, комунални возила, возилата на ЈГП, превоз на експлозивни, запаливи и отровни материи, возила за превоз на градежни материјали (сиров бетон), како и градежна оператива која врши градежни работи на градилиштата за Општините во Скопје, Град Скопје и Влада на РМ.

Се молат сите учесници кои управуват тешки товарни возила да се придржуват на поставената сообраќајна сигнализација.