Кривични пријави за повеќе сторители кај кои била пронајдена дрога

СВР Охрид поднесе кривична пријава против П.А.(26), за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 04.08.2014 година на паркинг простор во Охрид при контрола на патничко возило управувано од 26 годишно лице во кое бил и пријавениот, при преглед над пријавениот кај истиот е пронајдена паковка со 0,68 грама марихуана помешана со тутун и зипер со 0,76 грама марихуана.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Р.А.(26) и С.А.(24), двајцата од Охрид, за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 13.06.2014 година, при претрес во дом каде привремено престојувал С.А во Охрид, е пронајдено паковање со 0,17 грама кокаин и дигитална вага. Од извршен разговор е утврдено дека С.А кокаинот го купил од Р.А за сума од 50 евра.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Р.Т.(25) од Охрид и А.К.(21) од Кавадарци, за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, како и против А.К и А.М.(23) за сторено кривично дело “овозможување на употреба на наркотична дрога“. На 11/12.08.2014 година, на паркинг простор во Охрид при извршена контрола во патничко возило, во кое биле А.М, Р.Т, А.К и лице од Прилеп, изработиле цигара и истата ја користеле, додека во чанта на А.К е пронајдено пакување во кое имало 2,35 грама марихуана, што А.М ја набавил од Р.Т.