Министерот Попоски се сретна со турскиот министер за надворешни работи

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска се сретна со неговиот турски колега Мевљут Чавушоглу, кој заедно со турската делегација предводена од премиерот Ахмет Давутоглу престојува во посета на Македонија.

Двајцата министри разговараа за досегашните билатерални односи, кои годинава беа интензивни на највисоко ниво. Констатирано е дека во последните години и економската соработка бележи нагорен тренд.

На средбата, како што информира МНР, покренати се и прашања од регионалната и меѓународната сооработка, со посебен акцент на македонските аспирации за членство во евроатланските структури, за што Турција дава безрезервна поддршка.

Министрите се осврнаа и на развојот на настаните на Блискиот Исток.