Сообраќајните знаци и патокази мета на вандали

Сообраќајните знаци и патоказите во централното градско подрачје во текот на вчерашниот ден беа оштетени од страна на несовесни граѓани.

Надлежните општински служби при утринската рутинска проверка на состојбата со сообраќајните знаци и новогодишните реквизити затекнаа целосно уништен патоказ во непосредна близина на кружниот тек кај плоштадот “Свети Климент Охридски“.

Надлежните од општина Охрид упатуваат апел и молба до сите граѓани,жители и посетители на градов да не ги уништуваат јавните добра и да не го нагрдуваат градското лице во пресрет на новогодишните и божиќни празници.

skrseni_znaci_4851