Предновогодишен музички хепенинг во ОУ „Христо Узунов“

Во ОУ „Христо Узунов“, во организација на раководството на училиштето и Советот на родители при училиштето се одржа предновогодишен музички хепенинг.

Учениците и родителите се дружеа со познатите охридски пејачи Ѓоко Танески, Петар Маркоски и познатите музичари Горан Папаз и Даниел Јовески.

„Хепенингот беше со цел да се заокружи првото полугодие на учениците и по повод новогодишните и божикните празници.“ – вели директорот Тони Симоновски.