Продолжува предновогодишната програма на градскиот плоштад

Во рамки на неколкудневната предновогодишна програма што општина Охрид ја реализира на плоштадот „Св. Климент Охридски“ синоќа настапија учесниците на фестивалот „Распеани рибарчиња “ и учениците од основните училишта „Ванчо Николески“ и „Братство- единство“.

Вечерва на плоштадот е предвиден настапот на учениците од основните училишта „Живко Чинго“ и „Христо Узунов“ и од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“.