Денес се слави католички Божик

Христијанските цркви кои го прифатиле сметањето на времето според Грегоријанскиот календар, денес го слават Божик, празникот на раѓањето на Исус Христос. Божик денес, освен Римокатоличката црква и западните цркви, го празнуваат и православните цркви кои на крајот на минатиот век го прифатиле Грегоријанскиот календар.

Според евангелиското предание, Исус Христос е роден на 25 декември во Витлеем, така што овој датум како почетокот на новата ера и новата историја на човештвото со разликите во календарите, се пошитува во целиот христијански свет. 13 дена подоцна, Божик според Јулијанскиот календар ќе го прослават Македонската, Руската и Српската православна црква, Руската загранична црква, Ерусалимската патријаршија и Света Гора.

Согласно законот за празници, денешниот ден е неработен за верниците од католичка вероисповед.