Злоупотреба на културно наследство

СВР Битола, во два одделни случаи, до ОЈО Битола поднесе кривични пријави за присвојување, оштетување или уништување и изнесување во странство на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости. Во првиот случај пријава е поднесена против К.Т.(64) од Битола, Т.Н.(31) од с. Живојно општина Новаци и З.Л.(44) од с. Ивањевци општина Могила поради постоење на основи на сомнение дека извршиле кривично дело „присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“ и се обиделе да сторат кривично дело „изнесување во странство на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“. Пријавените, во точно неутврден временски период, на непознат начин прибавиле два предметa кои претставуваат редок примерок со особено културно значење за Република Македонија , односно женска фигура и глава која е составен дел на истата фигура изработени од мермер и истите ги задржале во свое владение, притоа не пријавувајќи ги на надлежните институции во РМ. Во периодот од месец септември до 06.10.2014 година пријавените се обиделе да ги изнесат претходно набавените предмети преку државната граница со Р. Грција и да ги продадат на непознато лице. Со вака превземените дејствија пријавените предизвикале штета на интересите на Р.Македонија за зачувување и заштита на културното и историско наследство.
Во вториот случај кривично се пријавени К.В.(42) и К.Т.К.(46) и двајцата од с. Породин, битолско, поради постоење на основи на сомнение дека извршиле кривично дело „оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“ . Пријавените во текот на 2014 година при вршење на земјоделски работи на нива, оштетиле археолошко наоѓалиште – локалитет „Велушка Тумба“ во атар на с. Породин, кое се наоѓа во средината на обработливо земјиште, околу кое се простира заштитен појас. Земјиштето кое го обработувале им било дадено на користење од страна на ЗК „Пелагонија“ Пријавените знаеле дека на земјиштето кое го обработуваат има локалитет, но не знаеле кои се точните граници на локалитетот бидејќи не било обележано.

rsz_slika_2014_002