Индекси на индустриското производство

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во ноември 2014 година, во однос на ноември 2013 година, изнесува 105.8.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во ноември 2014 година, во однос на ноември 2013 година, бележи пораст од 3.0%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 3.4%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 27.7%.

Според главните индустриски групи, производството во ноември 2014 година, во однос на ноември 2013 година, бележи пораст кај Енергија за 17.4% , Интермедијарни производи, освен енергија за 7.9%, Капитални производи за 78.1% и Трајни производи за широка потрошувачка за 5.9%, додека опаѓање бележи кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 9.9%.

Индексот на индустриското производство во периодот јануари – ноември 2014 година, во однос на периодот
јануари – ноември 2013 година, изнесува 105.2.