Кривична пријава за лице од Дебар поради фалсификување на банкноти од 50 евра

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Фалсификување пари“, полициската станица од Дебар поднесе кривична пријава против С.М. (27) од селото Бајрамовци-Центар Жупа.

Во текот на минатата година, пријавениот набавил и пуштил во оптек банкноти лажни пари-евра во апоени од по 50 евра. Во ноември, во оптек пуштил две лажни банкноти користејќи ги во една ветеринарнарната станица во Дебар. Во почетокот на декември 2014 година, во оптек пуштил три банкноти искористувајќи ги во маркет во Центар Жупа, а една лажна банкнота ја употребил во кафеан во селото Новак-Центар Жупа.

На 15-ти декември минатата година, со намера да продолжи да пушта во оптек лажни пари, пријавениот набавил три банкноти од по 50 евра. Истиот ден околу 17 часот, при личен претрес и претрес на неговото патничко моторно возило извршен во Дебар, лажните пари – евра се пронајдени во паричникот од пријавениот.

Лажните пари односно фалсификуваните евра, пуштените во оптек во апоени од по 50 евра како и пронајдените лажни пари кај пријавениот исто така во апоени од по 50 евра, имале идентичен сериски број Ѕ20175422632.