За Божик бесплатен паркинг во Охрид

По повод големиот христијански празник Христовото раѓање – Божик, утре паркирањето на возилата на сите паркинзи во градов со кои стопанисува ЈП „Билјанини извори“ ќе биде бесплатно во двете паркинг зони.

На овој начин ЈП „Билјанини извори“ се приклучува во одбележувањето на големиот христијански празник.