Божиќна честитка на градоначалникот на општина Охрид Никола Бакрачески

Градоначалникот Никола Бакрачески, по повод големиот христијански празник – Божиќ, упати честитка до граѓаните од православна вероисповед и им посака многу здравје,среќа, бериќет и семејна хармонија.

„Големиот христијански празник, Денот на Раѓањето Христово- Божиќ ,Ви посакувам да го поминете во атмосфера на радост и среќа во кругот на семејството, блиските и пријателите. Овој голем и величествен празник, со сета своја духовност нека не учи на вредностите на христијанството и човекољубието кои се општочовечка универзална придобивка.

Божиќ е празник на верата, вербата и надежта , човекољубието, традиционалните и семејните вредности. Тоа е празникот кој облева со светлина и дава сила со Божја помош да се надминуваат проблемите и внесува топлина во срцата, здравје, слога и заедништво во семејствата.

Божиќниот дух, нека влезе во сите домови и нека не води по патот на сеопштиот напредок и бериќет во семејствата, во нашиот Охрид, духовниот центар на православието и нашата држава, Република Македонија.
Со поздравот Христос се роди – Навистина се роди, да ја изразиме нашата среќа и вечна благодарност за неговата милост и во радост да го прославиме големиот христијансски празник Божиќ-“ се вели на крајот на празничната Божична честитка на градоначалникот Никола Бакрачески.