Божиќна честитка на Здружението „Титоисти“

Здружението „Титоисти“Охрид упати честитка до граѓаните по повод Рождеството христово-Божиќ.

„Блескавиот момент на Христовото раѓање за спас на човештвото што денес го славиме како ореол на христијанското битисување, кој донесе најголема радост, во овие тешки времиња на секојднева егзистенцијална борба, во сечиј дом и во секое срце нека донесат светлина и верба во животот, мир и благосостојба.

Божиќните празници нека бидат повод да разбереме и да бидеме разбрани, да поделиме љубов, да подадеме пријателска рака и да се обединиме во искрените желби и намери за создавање посветла иднина за нас и за оние кои ќе ги оставиме во наследство.

Христос се роди, за многу години!“- стои во честитката.