МИ5: Ал Каеда планира нови напади

Терористичката мрежа Ал Каеда сака да направи „спектакуларни“ терористички напади кои би имале голем број на жртви-цивили во Британија, но и во други западни земји, предупреди првиот човек на британската разузнавачка служба МИ5, Ендру Паркер.

Паркер истакна дека и покрај тоа што деновиве опасност претставуваат џихадистите од „Исламската држава“, постојат сознанија дека Ал Каеда настојува да направи нешто „спектакуларно“.

Според неговите зборови, мета на терористите, но и нивните „имитатори“ би биле сообраќајните мрежи и другите фреквентни места.

По нападот на редакцијата на францускиот „Шарл Ебдо“, Британија распореди дополнителни полициски сили со цел зајакнување на безбедноста.