Во сабота ќе биде отворена фото-изложба „Катедралата Света Софија: Од Охрид до Полотск“ од проф.д-р Сергеј Тарасов

Институтот за социо-културна антропологија на Македонија во соработка со Европскиот хуманистички универзитет од Вилнус, Литванија, во сабота, 17-ти јануари ќе ја отвори фото-изложбата „Катедралата Света Софија: Од Охрид до Полотск “ од проф. д-р Сергеј Тарасов.

Фото-изложбата ќе биде отворена, во Центарот за култура „Григор Прличев“ Охрид, со почеток во 12:00 часот.