Зголемен бројот на туристи во Македонија во ноември

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во ноември 2014 година изнесува 36 475, а бројот на ноќевањата изнесува 81 307.

Бројот на туристите во ноември 2014 година, во однос на ноември 2013 година, е зголемен за 6.9%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 2.9%.

Бројот на домашните туристи во ноември 2014 година, во однос на ноември 2013 година, е зголемен за 7.5%, а бројот на странските туристи е зголемен за 6.6%.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во ноември 2014 година, во однос на ноември 2013 година, е намален за 0.2%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 5.5%.

Во периодот јануари-ноември 2014 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 5.3% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 3.2%, а кај странските има зголемување за 6.8%.

Во периодот јануари-ноември 2014 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 2.1% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 0.2%, а кај странските има зголемување за 5.4%.