По неколкучасовна потера приведен криумчар на мигранти-откриени 12 сириски државјани

Вчера (16.01.) на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, поточно во населбата Карпош, додека полициските службеници од ПС за БПС Куманово вршеле редовна контрола на возила и возачи, околу 10,15 часот, од Крива Паланка кон Куманово се движело комби со албанска национална ознака и во моментот кога полициските службеници се обиделе да го сопрат возилото, возачот со голема брзина свртел полукружно и се дал во бегство назад кон Крива Паланка.

Полициските службеници веднаш тргнале во потрага по возилото, при што кај мв.Света Петка истото повторно свртело полукружно и со голема брзина продолжило да бега кон Куманово, а при обид на полициските службеници да го престигнат возилото, возачот не им оставил простор обидувајки се да удри во службеното возило. Продолжувајки со голема брзина од магистралниот пат се вклучил на автопатот бегајки во насока кон Скопје, притоа не застанувајќи на неколкуте полициски патроли кои се обиделе да го сопрат.

Заради сопирање на возилото, на автопатот е поставена блокада, но возачот не застанал и обидувајки се да прегази полицискиот службеник ја поминал блокадата, при што од страна на полициските службеници се испукани неколку куршуми во воздух, но возилото не застанало и движејки се со голема брзина се исклучило кон Куманово и продолжило по регионалниот пат кон Скопје.

При бегањето, возачот во неколку наврати ке предизвикал сообраќајни незгоди, а во близина на железничката пруга кај с.Черкеско село удрил во ПМВ и не застанувајки продолжил кон с.Никуштак каде повторно не застанал на полициската патрола обидувајки се да прегази полициски службеник, при што од страна на патролата е пукано во воздух.

Возилото продолжило со голема брзина продолжило да бега, и преку с.Арачиново се упатило кон Скопје и се исклучило на обиколницата кон Тетото, не застанувајки на патролата на автопатна полиција. Исто така не застанал ниту на наплатната рампа туку кршејки ја со голема брзина продолжил да се движи кон Тетово.
Во близина на с.Групчин возилото е блокирано од страна на повеќе службени возила, кои го сопреле и возачот Ќ.Р. (36) од село Радолишта, струшко, е лишен од слобода. Во возилото имало 12 мигранти од Сирија. СВР Скопје работи на целосно расчистување по што ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.