Концерт на поп дивата Каролина Гочева во пресрет на „Богојавление – Водици“

Петдневното чествување на големиот христијански православен праник „Богојавление- Водици“, синоќа беше збогатено со концерт на македонската поп дива Каролина Гочева.

На преполниот градски плоштад, Гочева на публиката и приреди двочасовно музичко уживање, заедно пеејќи ги популарните композиции од нејзиниот последен албум „Македонско девојче 2“ , а присутните беа почестени со извонредната изведба на песната „Лихнида кајче веслаше“.

Фото: А. Андриоски