Ново намалување на цените на нафтените деривати

Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 1,50 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 12.01.2015 година и со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 59,00 ден/лит.

Цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 2,00 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 12.01.2015 година и со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 60,50 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,50 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 12.01.2015 година и со тоа цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 48,50 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 3,00 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 12.01.2015 година и со тоа цената на Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 37,00 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 1,610 ден/кг, во однос на цената утврдена согласно Одлуката од 12.01.2015 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 21,282 ден/кг.