Одбележување на меѓународниот ден на холокаустот и 70 години од ослободувањето на Аушвиц

По повод одбележување на меѓународниот ден на холокаустот и 70 години од ослободувањето на Аушвиц , денес во просториите на Министерството за надворешни работи во заедничка организација на МНР, ИХРА (Меѓународна алијанса за сеќавање на Холокаустот), Институтот за национална историја од Скопје, Меморијалниот центар на холокаустот на евреите од Македонија и Дипломатскиот клуб од Скопје, се одржа меѓународна конференција на тема “Дипломатијата и депортацијата на македонските евреи во 1943 година”.

Република Македонија како држава со статус на набљудувач во Меѓународната алијанса за сеќавање на холокаустотактивно e вклучена во работата на ова меѓу-владино тело. Освен тоа, Република Македонија се приклучи кон заедничката изјава од неформалниот состанок на Генералното собрание на ОН со која се искажува загриженост заради порастот на антисемитското насилство во светот, како и кон изјавата на ЕУ во врска со меѓународниот ден на холокаустот и 70 годишнината од ослободувањето на Аушвиц, обете од 22 јануари оваа година.

Министерот Попоски при своето обраќање истакна дека Соработката со ИХРА е унапредена, при што како особено важна ја истакна посетата на претседавачот сер Ендру Брнс и генералниот секретар Кетрин Мејер на Република Македонија, кога беа искажани високи оценки за активностите и остварените резултати на нашата земја на планот на сеќавањето, образованието и истражувањето за холокаустот.

poposki_g222