Магла на превоите Стража, Пресека, Ѓавато, Плетвар и во Маврово

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно без забрани и застои, по претежно влажни коловози. Поради појава на магла намалена е видливоста на планинските премини Стража, Плетвар, Пресека, Ѓавато и Маврово до 150 метри.

Воведена е забрана за движење на тешки товарни возила над 7,5 тона и автобуси, на патниот правец Р2136 Ржаничино – Д.Коњаре, поради оштетување на средниот столб на мостот на река Пчиња.

 Штетата на мостот на патниот правец Радовиш –Штип е санирана и сообраќајот се одвива наизменично, по една коловозна лента. Сообраќајот на патниот правец Демир Капија кон с. Корешница е нормализиран.

 Забраната за движење, поради свлечиште на патот Киселица-Злетово во општина Пробиштип сеуште останува.