Можност за поднесување на годишни извештаи за персонален данок и барање за паушално одначување на земјоделците до понеделник / 2-ри февруари

Рокот за поднесување на годишните извештаи за персонален данок (обрасците ПДД-ГИ, ПДД-ГИ/ОЗП, ПДД-ГИ/ЗП и ПДД-ГИ/ОЦО) и Барање за паушално оданочување на остварени приходи од земјоделска дејност (образец ПДД-ПЗ) е 31-ви јануари.

Бидејќи последниот рок паѓа во сабота (неработен ден), потсетуваме дека согласно законот обрасците ќе можат да се поднесуваат и на 2-ви февруари 2015 година (понеделник), како прв работен ден.