Звонко Трпески е новиот директор на ОСУ „Св.Климент Охридски“

Градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески го прифати предлогот на Училишниот одбор и за нов директор на Општинското средно училиште „Св.Климент Охридски“ го избра Звонко Трпески, професор по историја. Претходно беа спроведени сите законски процедури за избор на прв човек на оваа образовна институција.