Црвен крст Охрид се приклучува на апелот за помош на населението во поплавените подрачја во Источна Македонија

Поројните врнежи од дожд и зголемениот водостој на реките во земјата, предизвикаа поплави на населени места и плодни површини во неколку региони во земјата. Поплавите предизвикаа материјални штети, кои непосредно го погодија населението за што веднаш надлежните институции презедоа соодветни мерки за ублажување на последиците предизвикани од поплавите.

Црвениот крст на РМ, согласно сопствените капацитети веднаш се вклучи во санирањето на последиците од поплавите, за што на најпогодените семејства им беше дистрибуирана помош во храна, средства за хигиена, ќебиња, душеци и флаширана вода за пиење.

Црвениот крст на РМ согледувајќи ја состојбата во поплавените подрачја продолжи со дејствување за обезбедување на помош на настараданото население.. Во овој момент се наметнува потреба за обезбедување на дополнителни количина на вода за пиење за населението во Струмица, Чешиново-Облешево, Штип, како и во други подрачја во кои поради излевање на реките водата не е безбедна за пиење.

Црвен крст Охрид се приклучува на апелот за помош на населението во поплавените подрачја во Источна Македонија и ги мобилизира своите капацитети за прием на помошта (во овој момент флаширана вода, средства за хигиена), во магацинските простории на Црвен крст Охрид. Својата донација заинтересираните потребно е да ја најават во Црвен крст Охрид, на телефон 046 261-909 или 070 315-309 од каде ќе добијат насоки за преземање на донацијата.

Заинтересираните правни субјекти и граѓани дополнително можат да се вклучат и со обезбедување на парична помош:

– Жиро-сметка на Фонд на солидарност 300000001327966 ДБ 4030984271620 – Комерцијална банка

– Донирање на 100 денари со повик на телефоните: 075/070/077 143 400

Црвен крст Охрид упатува голема благодарност до граѓаните за интересот и подготвеноста да се вклучат во ублажување на последиците предизвикани од поплавите.