Забрана за движење на тешки товарни возила на патот Маврово-Дебар и планинските премини Пресека и Буково

На регионалниот пат Маврово – Дебар кај Бигорскиот манастир повторно дојде до лавина во 11,45 сообраќајот е повторно во прекин за сите видови на возила.Се очекува брзо расчистување ( за половина час).

Поради врнежи од снег, на патниот правец крак Маврово – Дебар и на планинските премини Пресека и Буково има забрани за движење на тешки товарни возила. Во 10,30 на пл. преминот Стража воведена е забрана за движење на тешки товарни возила

Сообраќајот на патниот правец клучка Марвинци – Гевгелија е во прекин поради излевање на река Вардар на коловозот.

Сообраќајот на патните правци Кочани – Зрновци и Трботивиште – Разловци е во прекин поради попуштање на мостовите на реката Брегалница.

На патниот правец Демир Капија – Корешница. воведена е забрана за сообраќај на лесни возила поради излевање на реката Вардар на коловозот.

Во општина Пробиштип, поради свлечиште и понатаму е во прекин сообраќајот за сите видови моторни возила на патниот правец Киселица – Злетово. Возилата се пренасочени од Киселица – Пробиштип – Леговец – Злетово.

Поради зголемување на нивото на реката Брегалница, превентивно е затворен патниот правец од Ново Село кон Радовиш.

Локалниот пат за с.Покрајчево кој го поврзува магистралниот пат А-4 Радовиш-Струмица, поради излевање на Радовишка Река, сообраќајот е во прекин и истиот се одвива преку с.Подареш-Радовиш.

Регионален патен правец од с.Тополчани кон с.Клепач поради премногу вода е во прекин за секаков вид на сообраќај.

Сообраќајот на патниот правец Скопје – с.Брезница – Кула – Коломонт – Македонски Брод е во прекин поради големи одрони од камења на делот Коломонт – Близанско. Ренџерската служба на ЈП ЈАСЕН во рамките на своите надлежности го расчистува патот и непосредно ги известува патниците за движење на овој патен правец.

Сообраќајот на сите останати државни патишта се одвива по влажни коловози поради врнежи од дожд и снег.

АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.