Промовирано ЦД издание за Прличев

Заменик, градоначалникот на Охрид, Ангел Јанев заедно со своите сограѓани, присуствуваше на промоцијата на ЦД изданието за животот и делото на Прличев, по објавувањето на поемата „Сердарот“ што денеска се одржа во НУ Библиотека „Григор Прличев“ со што започна годинешната манифестацијата „Прличеви беседи “.

Ова издание заедно со ЦД-то кое во рамки на истата манифестација беше промовирано минатата година, а кое се однесува на детството и младешките години на поетот до објавувањето на поемата „Сердар“, представуваат прв материјал кој го поседува библиотеката во аудио форма, а кој се однесува на животот и делото на поетот од неговото раѓање до смртта.

Издавањето на ова ЦД е помогнато од Министерството за Култура на Република Македонија, во рамки на проектот „Прличеви Беседи“. Комплетен автор на истото е Александра Белевска, а техничката обработка е на Славчо Спростран.

Свеченостите по повод „Прличевите Беседи“ продолжуваат попладнево и во текот на утрешниот ден.

Prlicev_promotivno_cd_4851 Prlicev_promotivno_cd_4852 Prlicev_promotivno_cd_4853