ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ се приклучи кон акцијата за помош на поплавените подрачја во Македонија

Учениците од ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ се приклучија кон акцијата за помош на населението од поплавените подрачја во Република Македонија. 

„Ние како ученичка заедница се приклучивме кон хуманитарната акција за поплавените подрачја во Македонија во која исто така учествуваа и професорите при училиштето. Апелирам до сите граѓани кои се во можност да донираат конзервирана храна, вода, хигиенски средства и истите да се предадат на неколкуте пунктови во градот како и во Црвен крст Охрид.“ – вели Александар Гугоски, претседател на ученичката заедница при ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“.

pomosemuc1 pomosemuc2 pomosemuc3

А.Андриоски