Ќе се санира „Алтанин мост“

Општина Охрид ќе го санира „Алтанин мост“ кој има оштетувања по континуираните врнежи од дожд и снег и надојдените води на реките низ територијата на општина Охрид.

По извршените консултации со стручните служби од Општината, градоначалникот Никола Бакрачески издаде наредба за санација на мостот, штом тоа ќе го дозволат временските услови.

Причината за позначителните оштетувања на „Алтанин мост“, стручните лица од секторот ги детектираат во надојдените води на Коселска река и поголемото оптоварување што го прават истите врз статиката на мостот.

Надлежните лица од Секторот за комунални дејности при Општина Охрид и Кризниот штаб за справување со поплавите будно ја следат секоја новонастаната ситуација и преземаат соодветни мерки за полесно справување со последиците.

AltaninMost2