Хуманитарна акција на ОУ „Св.Климент Охридски“

Во текот на неделата во Основното училиште „Св.Климент Охридски“ се спроведуваше хуманитарна акција за помош на поплавените подрачја во Источна Македонија.

Акцијата се спроведуваше од 9-ти до денес (13-ти) февруари. Сите ученици се вклучија во донирањето (вода, конзервирани продукти, средства за хигиена ид др) при што денеска беа предадени до Црвениот крст – Охрид.