Се расчистуваат одрон кај авто кампот „Елешец“ и коритото на реката Сушица

По налог на Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици при општина Охрид, една екипа на ЈП „Охридски комуналец“ денес работи на расчистување на одрон лоциран над авто- кампот „Елешец”.

Активноста на расчистување, депонирање и транспорт на одронот се реализира со двајца ракувачи на специјални возила кипер и ровокопач.

Друга екипа од ова јавно претпријатие пак е ангажирана на расчистување на речното корито на реката Сушица од натрупаниот отпад, пластични отпадоци и шут во близина на ДООЕЛ „Отпад”.

Од ЈП „Охридски Комуналец“ меѓу другото информираат дека утрово е евидентиран целосно изгорен контејнер во близина на Противпожарната единица. Ова е втор случај на опожарување на контејнер за период од два дена во Охрид.