Акција за чистење во Пештани – На „Кузман Капидан“ се санираат дрвјата

Екипите на „Охридски Комуналец“ денес спроведуваат акција за расчистување на јавните површини во Пештани. Се расчистува центарот на селото и улицата која води до основното училиште од наносите од земја, песок и чакал кои со силните врнежи беа слеани од планината кон пониските делови.

„Ангажирани се 4 работници и според наши проценки ќе се подигнат 4 м3 земја и друг отпад.“– велат од претпријатието.

И во Пештани е евидентирано уништување на урбаната опрема каде од депониран запалив отпад е оштетена канта за депонирање ситен отпад.

075501

Екипите на „Паркови и зеленило“ денес ги отстрануваат скршените гранки од дрвјата по ул. „Кузман Капидан“ (потег Горна Порта-Плаошник). Во овој дел од охридското Кале се врши санација на дрвјата кои претрпеа големи оштетувања од снежното невреме.

FotorCreated7