Не очекува дождлива пролет и нова опасност од поплави

Еден од најпопуларните метеоролошки сервиси на светот, „Aкjуведер“ објави сезонска прогноза за оваа пролет во Европа.

Според овој портал за временска прогноза, пролетта на Балканот ќе биде постудена од вообичаено, односно температурата во просек ќе биде пониска. Циклонската активност ќе биде поизразена на југ на Европа, односно каква што беше зимава, ќе продолжи и во почетокот на пролетта.

Исто така, според прогнозите на порталот се очекува Балканот да биде погоден од поплави.

Ова е сезонска прогноза која се однесува на март, април и на мај и, сепак, има свои ограничувања. Истиот овој сервис точно и прецизно прогнозираше дека летото во Европа во 2014 година ќе биде влажно.

Извор: Нет Прес