Утре ЗП на Охрид и Дебрца ќе ја одржи 10-та отчетна седница

Утре (среда), Собранието на Здружението на пензионерите на Охрид и Дебрца ќе ја одржи 10-та отчетна седница. Седницата ќе се одржи во Домот на пензионерите со почеток во 10 часот и 30 минути.

На седницата ќе биде усвоен Извештајот за работа на ЗП во 2014 година, Завршната сметка и Информацијата за спроведените изборни активности во 21 Месни ограноци за нови раководства во ЗП од општините Охрид и Дебрца за мандатниот период 2015-2019 година.

На седницата ќе присуствува претседателот на Сојузот на пензионерите на Македонија Драги Аргироски,кој на Собранието ќе зборува за порастот на пензиите во оваа година, климатско-бањската рекреација,бесплатниот туристички викен и бесплатниот автобуски превоз на пензионерите во Македонија и Охрид.