Четвртоосомничениот повторно лаже

Хартиите со кои денеска манипулираше четвртоосмничениот Зоран Заев се најобична лага, а не документи на Управата за безбедност и контраразузнавање.

Министерството за внатрешни работи и УБК во време на сегашното раководство никогаш ниту незаконски следеле ниту правеле анализи на новинари.

Во целост сме ги почитувале Уставот и Законите на Република Македонија и сме работеле согласно истите.

Најостро ги демантираме сите изнесени клевети и конструкции објавени денеска од страна на четвртоосомничениот Зоран Заев. Истиот се товари за најтешки дела против државата и граѓаните и во судска постапка по Опертивната обработка “Пуч” согласно Законот ќе добие можност да ја даде својата одбрана за материјалите за кои изјави дека му биле дадени од странска служба.

Со денешната пресуда започна разврската во Акцијата “Пуч” и се поочигледно станува дека четвртоосмничениот Зоран Заев почнува да се губи и да тоне обидувајќи се да исконструира се поголеми лаги.