Експертски разговори за системот на психолошка поддршка на единиците пред, за време и по враќањето од мировна мисија

„Системот за психолошка поддршка на единиците, пред, за време и по враќањето од мировна мисија“ е темата на дводневните експертски разговори кои се одржуваат во Министерството за одбрана во Центарот за обука „Д-р Џозеф Крузел“, во период 11-12.03.2015 година.

Целта на разговорите е да се споделат информации, знаења и искуства поврзани со Системот за психолошка поддршка на единиците пред, за време и по враќањето од мировна мисија, како и за психо – социолошкиот ризик во војничка средина, повратно искуство за психолошката состојба на војникот во мировна операција (синтеза по завршувањето на мисијата, модел на декопресија); организација на кризни ќелии; примена на истражувањата: кохезија на малите групи, формализирање на периодот за нормализација; следење на психолошката состојба на ранетите (повредените) и третман. На овие разговори се вклучени експерти од Министерството за одбрана на Република Франција, кои заедно со македонските учесници, психолози, психијатри и лица кои непосредно се вклучени во планирањето и подготовките на контигентите за учество во операции во странство, дискутираат за научените лекции од искуствата во имплементација на системот за психолошка поддршка на единиците.

Ваквите експертски разговори во воспоставувањето на мрежа на соработка, размена на искуства од областа на системот за психолошка поддршка се реализира во континуитет изминатите години. Оваа активност е дел од билатералниот план за соработка со Република Франција во областа на одбраната во насока на поддршка на одбранбените реформи и во процесот на интеграција на Македонија во НАТО.

DSC_0083- DSC_0086- OLYMPUS DIGITAL CAMERA