Груевски: Кој ќе биде во Владата одлучуваат граѓаните, а не Заев

Граѓаните одлучуваат кој ќе биде во Владата, а не претседателот на СДСМ Зоран Заев, порача премиерот Никола Груевски, одговарајќи на новинарски прашања за последните барања од опозицијата.

Груевски посочи дека главното барање на Заев беше формирање т.н преодна влада и оставка на Владата, но, порача, дека за тоа одлучуваат граѓаните.

„Неговото главно барање беше формирање на т.н преодна влада, нешто во форма на широка коалиција и давање оставка на Владата, на мене, на министрите и.т.н. за тоа кој ќе биде во Владата, а кој нема да биде одлучуваат граѓаните на Република Македонија на избори“, изјави Груевски.

Граѓаните, потенцира премиерот, се тие кои ја дават оценката, гласот и довербата за политичка партија, кој ќе биде премиер итн., а не Зоран Заев.