Колумна: Д-р Никола Бакрачески останува приоритетна надеж за напредокот на Египќаните

DemirDalipДраги мои, децениската „сизифивска“ борба за неповратно позиционирање на припадниците на етничкиот кампус на Египќаните, како автохтон и автентичен етникум во мултиетничка Македонија, дефинитивно не успеа да се ефектуира кон она што значи да бидат дел од Преамбулата на највисокиот правен акт, која иако има декларативен карактер, е солидна почва од која генерираат низа форми на дискриминација, како еден општествен феномен, кој го гризе и онака кревкото мултиетничко и мултикултурно општество,она хетерогено општество,кое и тоа како тешко за одржување во „живот“ со сите свои различности, кои носат и предности но и одредени дисфункционални елементи, за нормално функционирање на општеството како една целина. Но, како што и предходно напоменав, Др Никола Бакрачески, со победа уште во првиот круг со освоени 20.004 гласови, со неприкосновениот авторитет како доктор, човек, пријател и другар, кој пораснал во една мултиетничка средина, успева да ги „неутрализира“ повиците кон затвореноста на колективитетите, и со неговото мото „СИТЕ СМЕ ОХРИЃАНИ“ буквално направи патека за демократска прогресија и ефектуирањето на демократските придобивки.

Донесувањето на законот за спречување и заштита од дискриминација, донекаде и ќе ја амортизира таа состојба на т.н дискурс на позиционирање по нивоа на етничките, оние помали заедници во Македонија, кои макотрпно се борат да фатат што подобра пол позиција за реализирање и уживање на уставно загарантираните права и слободи. Ова, во крајна линија неприродна состојба, произлегува од самата парламентарна демократија која го фаворизира колективитетот виза ви индивидуата, поединецот, граѓанинот. Но, тој модел на демократија, самите си го одбравме и еве ги консеквенците од за мене неприфатливата и нефункционална во вакви сложени социопоплитички односи помеѓу самите етникуми.

Оваа состојба неминовно го опфати и онака кревката и мала етничка заедница на Египќаните, која мораше да се бори и внатре во самиот колективитет и надвор, со ограничувачките фактори, што секако е ужасно тешка работа. Но, работите се усложнуваат во оној момент кога ке преовладува индивидуал-материјализмот, кога ќе се умешаат некадарни и во најмала рака ,,шиткачи,, заради остварување на личен интерес, притоа безмилосно рушејќи се што некој направил на научно поле, некој на општествен план или некој Египќанец „крваво“ се борел на политички план. Но, тоа во овие квазидемократии се нормално ненормална појава. Неимплеминтирањето на чл.59 од Законот за Локална Самоуправа, која , несомнено спага во редот на законски прописи,кое е усогласено со Европското законодавство, а како „аманет или наследен долг“ како и мегу другите и наследени долгови од над 50 милиони евра, му ги остави неговиот претходник Александар Петрески, нејзината етапна имплементација, би значела убедлива победа не само политичка ами и морална на нашиот Нико Бакрач.

Таквата состојба доведе до поделби внатре во самиот етнички капус, во дикрепансата на тотално тонење во „неповрат“ на доброутврдениот дискурс на морални вредности, која за волја на вистината ги красеше припадниците на ова автохтона, мала но лојална и автентична етничка заедница во Македонија, од една страна и малиот број Египќани, кои го одбраа патот на ,,одбрана,, на тој систем на вредности, кои ги позиционираа Египќаните како лојален, миролубив, работолубив етникум во југозападна Македонија, особено во Охридско, , Стршко, Кичевско итн. Таа поделба, секако дека има своја предходница. Не е спорен ноторниот факт дека Сојуз на Египкани беше партија која програмски беше десноцентристички ориентирана, прифајќајќи ги позитивните страни на народните партии, а авторот на оваа колумна, како нејзин основач секако дека ја имав улогата да ги промовирам тие вредности. Признавам, понекогаш бев и толку наметлив, што се раѓаа и контраефективни состојби, но сума-сумарум, мислам дека дадов силен придонес да се заштити и од надвор но и од внатре самиот етникум од асимилација, но за жал , не успеавме да ги „спасиме“ Египќаните кои паднаа во „заседа“ , на лихварите, и новите и модерни воспоставени „робобладетелски“ односи, кои денес, во и на нивно име, остваруваат лични интереси. Зошто, го потенцирам името на новиот Градоначалник на Охрид, Др Никола Бакрачески?

Прво, тој е новиот профил на демократски политичари, кои зрачат со демократска светлина, непосредност, со инкорпориран лип, на демократски вредности, кои не кореспондираат со насилие, уцени, и воспоставени модерни „робовладетелски“ односи. Др.Бакрачески има идеја, стил, политичка перфоманса, да ја сузбие од корен , таа недемократска црта, која 8 години наназад, го карактеризираше Охрид, а имајки ја во предвид долгогодишната десноцентристичка позиционираност на мојот народ, реални се шансите за напредок и воскреснување на духот и почита кон себе си на Македонскиот Египќанец.

Второ, Др. Никола Бакрачески, покрај Градоначалник на Охрид ја извршува и финкцијата член на ИК на ВМРО ДПМНЕ, факт, кој и дополнително му дава во ,,тежина,, мислам политичка, во насока на мобилизација на над 8000 активни гласачи, сконцентрирани во 5 изборна единица, каде најмногу се поозиционирани Египќаните. Со вакавата пред се човечка, пријателска, и секако политичка подршка, дефинитивно, на среден рок, би се елиминирала опасноста од етничко потопување на Македонските Египќани, што е во краен случај, и демократска придобивка на Евроатланските аспирации на Р.Македонија.

Но, она по што страшно жалам е фактот што цело време на наша страна беа медиумите, пријателите, видни интелектуалци и многу други кои не охрабруваа, подржуваа кон нашата исконска цел зачувување на идентитетот, кои во континуинтет не подржуваат, пред се медиумите. За жал, тоа или не знаеме и /или немаме капацитет како да го валоризираме или не сакавме. Вината за ваквата очајна позиција на Египќаните лежи најмногу во нив самите, кога пред изборите буквално се продаваа за масло, брашно и други прехрамбени продукти. Во таков случај ти си „купен“ и нема право да бараш нешто што ти следува со законски пропис и слично. Во последно време, кога некој ти овозможил да имаш портал, тоа не ти дава за право да „плукаш“ по заслужни на етникумот, не ти дава за право да се наречеш „новинар“ бидејки ги деградираш вистинските професионални новинари, не ти дава за право, да се закануваши да им го земеш лебот на другите, кои, патем толку многу се трудат чесно да заработат…. Тоа, дефинитивно „шиткачење“ , „лигавење“ и „полтронство“ мора и треба да плати цена. Таа цена е олицетворена во тоа што сега други ќе раководат со нас, кога ние самите не знаеме. Но, лично нема да ја дозволам таа ерозија на моралот, повикувам на обединување, Изготвување на Програма прифатлива за сите и упорно барање на правата и слободите, надминување на суетите и конечно поставување на политички лидер на Египќаните, ама не авантурист, туку човек кој знае да повлече, да биде храбар и пред се одлучен во насока на остварување на стратешките интереси на овој ранлив етникум. Ако тоа не се направи, народот изгубен, обезглавен, на следниот попис, воопшто нема да му биде гајле што ќе се попише, битно ќе му биде само едно, да ја обезбеди голата егзистенција, што секако е природно и приоритетно право.

Со почит, Демир Далип, овластен претставник на Египканите за надворешна соработка

*Ставовите во категоријата Писма/Колумни се лични ставови на авторите, за кои редакцијата на WebOhrid не сноси никаква одговорност.