Едукативно – превентивен проект „Професија – полицаец и работата на Граничната полиција“

Регионалниот центар за гранични работи – Север, во соработка со Министерството за образование и наука го реализираа проектот – “Професија-Полицаец и работата во Гранична Полиција“, во рамки на воспитно образовната програмата на ОУ “Коле Неделковски“ од Скопје, при што целна група на проектот беа учениците од трето одделение коишто заедно со своите наставници присуствуваа на едукативните предавања во просториите на РЦ за ГР-Север.

Реализацијата на проектот започна со презентирање на краток документиран филм во врска со преминувањето на државната граница и движењето во граничната линија на Р.Македонија . Исто така, учениците беше запознаени и со работните задачи при обезбедување на државната граница, како и дел од техничките средства на Граничната полиција кои ги користи во текот на извршување на својата секојдневна работа. Заинтересираноста кај учениците беше на високо ниво, особено во делот на користење на уредите и техниките за набљудување на граничната линија. За време на превентивната активност од страна на инспекторите за превенција на учениците им беа поделени амблеми од Гранична полиција. По завршување на превентивните активности инспекторите за превенција заедно со учениците го посетија граничниот премин “Долно Блаце“.

Инаку превентивните активности кои се превземаа во рамките на овој проект како и едукативната средба и информирањето на учениците беа со цел истите да се запознаат со улогата, значењето и работата на Граничната полиција.