Измена на правилото за пополнување на места во УЕФА Европа лига

Одделот за натпревари при ФФМ, информира за промените кои ги донесе УЕФА, а се однесуваат на пополнување на местата на УЕФА Европа Лига, поконкретно за правилото финалист на КУП.

Имено, почнувајќи од УЕФА сезона 2015/16 правилото за финалист за КУП гласи: „Доколку победникот на домашниот КУП за сезона 2014/2015 обезбеди пласман во УЕФА Лига на шампиони преку домашно натпреварување, тогаш место во УЕФА Европа лига добива следниот на табела кој не изборил пласман во УЕФА Европа лига, а не финалистот на Купот како што беше случај до сега“.