Кривични пријави за пет лица од Дебар поради тешка кражба

Поради постоење основи на сомнение за сторени десет казнени дела „тешка кражба“, полициската станица од Дебар поднесе кривични пријави против Љ.А.(18), О.Х.(19), А.М.(22), Е.К. (20) и Ј.К. (26) сите од Дебар.

Од почетокот на оваа година, пријавените самостојно но и во група ги извршиле тешките кражби пред се во куќи низ Дебар за кои знаеле дека во нив не живее никој бидејќи сопствениците биле на привремена работа во странство. Тие, тешки кражби извршиле во работилница и трафика во градот.

Пријавените, со употреба на тврди предмети но и со погоден алат и прибор, успевале да ги оштетат бравите од влезните врати и прозорци од куќите по што со употреба на физичка сила насилно влегувале во внатрешноста и одземале бакарни украси, вазни, пепелници, табаки, ЛЦД телевизори, апарати за кафе, бормашини, една хилта за бетон, пиштол нитни, пиштол за клинци и други вредни предмети. На тој начин, пријавените се стекнале со протвиправна имотна корист во вкупен износ од 202.250,оо денари.

Работејќи на реализација на тешките кражби, полициската станица од Дебар, оформи предмет со прецизни оперативни информации по што, по добиена наредба од Основниот суд во Дебар изврши претрес во домовите на сега пријавените. Притоа, пронајдени се дел од предметите бесправно одземени при кражбите.