Расчистени „Ристо Чадо“ и „Железничка“ , на Калето се санираат багремите

По налог на општинскиот инспекторат на ул .„Железничка“ (во близина на сообраќајната клучка „Петља“) расчистена е мини-депонија од расфрлан отпад од различен вид.

„Детално се расчистуваше ул. „Ристо Чадо“ (потег „Стобекс“ – „Здружение на возачи“) каде несовесни граѓани во зелениот појас расфрлале комунален отпад.

Екипите на „Паркови и зеленило“ ги санираат дрвјата на северозападниот дел од Калето под бедемот од „Самоилови Тврдини“.“ – информираат од претпријатието.

Во шумскиот дел од Калето, покрај патеката која води од месноста Кошишта до Горна Порта, се санираат багремови стебла и гранки и се отстранува жбунестата вегетација.