Едногласна поддршка од ЦО на СДСМ: Отстапки нема, решение за кризата е преодна влада

Активностите на СДСМ од донесувањето на цврстата и решителна одлука на СДСМ, пред месец и половина, за објавување на документите што докажуваат криминал и корупција во највисокиот врв на власта, ги даваат очекуваните резултати, констатирано е на вчерашната седница на Централниот одбор на СДСМ.

Проектот Вистината за Македонија допре до најголем број од граѓаните на Македонија кои се информирани за суровиот, криминален, противуставен и противзаконски начин на владеење на тесна група на власт.

Централниот одбор едногласно ги поддржа предлозите на претседателот Зоран Заев и на Извршниот одбор за натамошните чекори на СДСМ.

Отстапки нема, решение за длабоката политичка криза е преодна Влада којашто ќе отвори пат за реализација на вистинската волја на граѓаните на Република Македонија.

СДСМ храбро и одлучно, со засилено темпо, ќе продолжи со реализација на определбата за нормализација на државата и враќање на слободата и демократијата во земјата. Никој и ништо не може да ја поколеба партијата на тој пат, на којшто добива сè помасовна граѓанска поддршка.

Со оглед дека истекува мандатот на делегатите на Конгресот на СДСМ, Централниот одбор на партијата донесе и едногласна одлука за отпочнување постапка за избор на делегати на ова највисоко партиско тело.

co 2603 1 co 2603 2 co 2603 3