Фудбалската репрезентација на Македонија го одигра петтиот натпревар од квалификациите за Европското првенство 2016 кое ќе се игра во Франција. Во рамките од Групата Ц, Македонија претрпе пораз со резултат 1:2 од Белорусија на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје.
Најпрво резултатот во 9-та минута го отвори Александар Трајковски, за водство на Македонија од 1:0. Но, набрзо по постигнатиот гол играта спласна, а играчите на Белорусија изгледаа сосема незаинтересирано се до 44 минута кога успеаа да изедначат на 1:1, резултат со кој се замина на полувреме.
Второто полувреме започна со шанси на обете страни, најпрво Белорусија, а потоа и нашата репрезентација имаа зрели шанси за водство. Гостите доминираа во текот на вториот дел, а одличните одбрани на Пачовски сеуште не држеа во игра, но само до 81 минута, кога нашата одбрана помалку наивно дозволи противникот да дојде очи в очи со Пачовски, кој и покрај тоа што успеа да го одбрани првиот удар, не можеше да ја скроти и одбиената топка која заврши во нашата мрежа. По водството, Белорусија не престана да напаѓа. Свои шанси имаа и нашите репрезентативци, но на крајот, Белорусија беше репрезентацијта која се покажа во вистинско светло и сосема заслужено дојде до победа.
WebOhrid