Американски цент од 1792 година продаден за повеќе од милион долари

Редок прототип од првиот американски цент од 1792 година беше продаден на аукцијата во Балтимор на анонимен купувач. Вредноста на овој цент познат под името „Birch Penny“ е нешто над милион долари, односно 1 милион и 175 илјади долари.

Она што овој цент го прави посебен е тоа што е еден од седумте кои постојат, а бил кован 9 години по американската војна за независност, во годината кога е основана американската ковачница „US Mint“.