Акциска контрола врз правни субјекти во Охрид и Струга

Со асистенција на СВР Охрид, денес во Охрид и Струга акциска контрола имаше координативното тело на Република Македонија за заштита на интелектуалната сопственост, на авторските права и права од индустриска сопственост. Акцијата беше реализирана во координација со пазарната инспекција, УЈП, АЕК и Агенцијата за радиодифузија.

Контролата е извршена во вкупно 10 правни субјекти од кои една кабловска телевизија и едно геодетско друштво во Струга, едно интернет кафе, четири фото студија и четири субјекти во градскиот пазар во Охрид.

Кај осум субјекти регистрирани се незаконитости односно повреда согласно законот за индустриска сопственост и кривичниот законик на Република Македонија за повреда на авторско право и сродни права.

Притоа изречени им се глоби кон одговорните лица и правните лица по што одземени се два ресивери и поголема количина патики и други обувки од повеќе марки.

OdzemeniPatiki01 OdzemeniPatiki02 OdzemeniPatiki03