Охриѓанец со нож им се заканувал на полициски службеници

Вчера околу 15:50 часот во Охрид на улица „Дејан Војвода“, при преземање на службено дејствие – легитимирање, К.В.(27) од Охрид, ги спречувал полициските службеници, на начин што извадил нож и им се заканувал по нивниот живот и животот на нивните фамилии.

Истиот е приведен во СВР-Охрид, обавен е разговор и по целосно расчистување и документирање на настанот ќе му биде поднесена соодветна пријава.