Светски ден на аутизмот

Генералното собрание на Обединетите нации го прогласи 2 април како Светски ден на аутизмот (A/RES/62/139) за да се потенцира потребата да се помогне за подобрување на квалитетот на животот на децата и возрасните кои боледуваат од аутизам, за тие да можат да водат целосен и исполнет живот.

Се проценува дека повеќе од 80% од возрасните со аутизам се невработени.

Истражувањето укажува дека работодавците не ги гледаат способностите кои што ги имаат луѓето со аутизам, како на пример, зголемена способност за препознавање на модели и логично размислување, како и поголемо внимание на деталите.

Пречките кои треба да се надминат за да се ослободи овој потенцијал се: недостатокот на стручна обука, несоодветната поддршка во наоѓањето работа и дискриминацијата.