Студентските и ученичките стипендии ќе се зголемат за 10 отсто

Премиерот Никола Груевски денеска од Тетово најави дека Владата ќе ги зголеми за 10% студентските и ученичките стипендии.

Зголемувањето на ученичките стипендии ќе се однесува на најталентирани ученици, талентирани спортисти, деца без родители, деца со посебни потреби, ученици од социјални категории, ученици од угостителско-туристичка струка и ученици кои се деца на бранители.

Студентски стипендии, како што рече Груевски ќе се зголемат за студенти со висок успех на студиски програми по информатика, студенти од социјални категории, студенти со висок успех, студенти од природно-математички, техничко-технолошки, биотехнички и медицински науки и студенти кои се деца на бранители.