Расчистување на „Градска Плажа”

Денеска започна расчистување на „градска плажа” на потегот од хотел “Мизо” до калето.

„Ангажирани се 6 работници и трактор за превоз на собраниот отпад. Сe врши собирање на расфрлан отпад од несовесни граѓани по должината на плажата и отпад донесен во сливот на река „Грашница” насобран по целото течение. Подигнат е најразличен отпад, комунален, пластични шишиња, најлонски ќеси, лименки и друго во количина од 3-4м3.“– велат од претпријатието.